Смешки: Заработува 50 милиони долари годишно, а плаче дека бензинот му бил многу скап!

Ѕвездата на Мајами хит, Џими Батлер (34) заработува милиони долари, но тоа не го спречи преку социјалните мрежи да се пожали на високата цена на бензинот.

Тој во досегашната кариера има инкасирано најмалку 250 милиони долари, а на Флорида има тригодишен договор вреден 146 милиони долари, но очигледно тоа не му е доволно, откако се побуни на сметката за бензин. Батлер објави видео на кое се гледа како е шокиран поради парите што морал да ги плати за да го наполни до крај неговото скапо Бугати.

Тој за да го наполни резервоарот потрошил 145 долари, што му делуваше шокантно, па почна да „плаче“.

„Овие цени се вистински грабеж, мислам дека ќе вратам дел од ставениот бензин. Што мислите, ако отидам и кажам дека ставив погрешно гориво, ќе ми вратат ли парите? Не, ова не е нормално“, се пожали Батлер и додаде дека размислува да купи електричен автомобил.

Неговата реакција е уште посмешна ако се знае дека литар бензин во САД се продава по цена од 1,08 долари, што е речиси двојно пониска во однос на Европа. Истото задоволство кај нас би го чинело Батлер околу 260 долари.