Скандал во НБА: Лејкерс добија 56 секунди повеќе за да го победат Мемфис во – клучен меч (ВИДЕО)

Натпреварот од претпоследната рунда од регуларниот дел од НБА сезоната што го одиграа ЛА Лејкерс и Мемфис (123-120) го одбележа голем скандал, кој беше забележан дури по крајот на натпреварот.

Најдобрата кошаркарска лига на светот мораше да ја признае грешката - мечот траеше 56 секунди подолго отколку што требаше! Проблемот настана доцна во третата четвртина, кога истече еден од нападите на Мемфис. На семафорот тогаш стоеше 1:14 минути до крајот на четвртината, но времето мистериозно се врати на 2:20 и никој во салата не обрна внимание. Кошаркарите на двата тима продолжија да се борат, а практично на овој меч двапати се играше времето помеѓу 2:20 и 1:14 до крајот на третата четвртина!

Ова е еден од најчудните пропусти видени во НБА во последните години, а многумина сметаат дека целиот крај на сезоната е нерегуларен поради овој детал. Работата да биде уште полоша, на 56 секунди до крајот на четвртата четвртина, кога средбата регуларни би требало да заврши ако не беше грешката, Мемфис имаше предност со еден поен, која Лејкерси потоа ја анулираа и ја претворија во победа.

За Мемфис овој натпревар немаше значаен резултат, но беше исклучително важен за Леброн Џејмс и неговиот тим. Лејкерси на самиот крај од сезоната се борат за што подобра позиција пред плеј-инот - моментално се на осмото место на Западот, со една победа повеќе од Голден Стејт вориорс и Сакраменто Кингс.