Скандал во Чикаго Булс: Соиграч го прати Миротиќ во болница со скршеница и потрес на мозокот!

Шпанскиот репрезентативец Никола Миротиќ, роден во Подгорица завршил хоспитализиран во болница во Чикаго по сериозен инцидент кој се случил на тренингот на Чикаго Булс, објавија медиуми во САД.

Миротиќ неодамна се врати меѓу „биковите“ за двегодишен договор вреден 27 милиони долари и сега се соочува со пауза, затоа што според медиумите, заработил скршеница на коска на лицето, откако центарот и соиграч од Чикаго, Боби Портис го удрил. Според информации од клубот, Миротиќ бил префрлен во болница и поради потрес на мозокот, па сега се очекува натурализираниот Шпанец да отсуствува некое време.

Во минатата сезона, Миротиќ имаше просек од 10,6 поени и 5,5 скока со 41,3 отсто шут од поле и 34,2 поени шут за три поени. Во Чикаго тој требаше да биде стартен криленцентар на тимот. Чикаго можно е да остане и без Портис, па по овој инцидент да му биде прекинат договорот, но тоа засега е само шпекулација на одредени медиуми.

Допрва дисциплинска мерка ќе биде одредена за центарот на „биковите“ по овој инцидент