
Синот на Леброн е катастрофа, не може кош да погоди!
Голема желба на Леброн Џејмс е да одигра една сезона заедно со својот син, но Брони има очајни бројки на натпреварите на кои настапи досега. Можеби и притисокот влијае врз него, но од она што го покажа не заслужува да игра за ЛА Лејкерс.
На трите натпревари кои ги одигра во летната лига, има ужасна статистика, 6 коша од 26 обиди од поле, и ниту една тројка од 12 шутеви за три поени.
Не само што е предалеку од нивото на неговиот татко, тој е далеку и од останатите играчи кои целат да влезат во НБА лигата.
Се погласно се зборува дека Брони Џејмс би можел да биде пратен во Саут Беј Лејкерс, клубот кој е филијала на ЛА Лејкерс.