Шоу на Антетокумпо против Оклахома, Торонто ја запре одличната серија на Лејкерс

Ноќеска во НБА-лигата беа одиграни неколку натпревари, а актуелниот шампион Торонто успеа да ја запише седмата победа сезонава, откако ги запре Лос Анџелес Лејкерс.

Лејкерс ја прекина серијата од седум победи по ред, откако Торонто успеа да излезе на крај со одбраната на домаќинот, па славеше со 113-104. На Лејкерс не му помогна ниту разиграниот Ентони Дејвис, кој постигна 27 поени.

Филаделфија без Бен Симонс успеа да ја прекине серијата од три порази, па славеа против Шарлот, а најдобар беше Џоел Ембид со 18 поени и девет скокои

Јанис Антетокумпо беше бесен по првото лошо полувреме, па скрши дел од оградата на противниците и понуди да плати. Гркот во второто полувреме проработе, па постигна 24 од 35 поени и Милвоки славеше против Оклахома со 121-119.

Останати резултати:

Орландо – Индијана 102-109
Њујорк – Кливленд 87-108
Феникс – Бруклин 138-112
Минесота – Денвер 98-100