![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/09/248087-shok-za-lejkers-im-propadna-trejdot-za-zasiluvanjeto-vredno-titula-vo-nba.jpg?itok=oljMXIsJ)
Шок за Лејкерс – им пропадна трејдот за засилувањето вредно титула во НБА!
Тој требаше да пристигне во Лејкерс во замена за Далтон Кнет и Кем Редиш, но раководството на тимот реши да се повлече откако медицинските резултати покажаа „повеќе проблеми“ со неговата физичка состојба. Рамона Шелбурн од ЕСПН истакна дека Лејкерс сакаа сигурност дека Вилијамс ќе биде долгорочно решение на центарската позиција, но прегледите укажаа на ризик што клубот не беше подготвен да го преземе. По откажувањето на размената, Хорнетс издадоа соопштение во кое изразија задоволство што Вилијамс ќе остане дел од нивниот тим.
Вилијамс (23 години) има проблеми со повредите уште од неговото пристигнување во НБА лигата во 2022 година. Во својата дебитантска сезона одигра само 43 натпревари поради повреда на зглобот и операција на палецот, додека во сезоната 2023/24 настапи само на 19 натпревари поради проблеми со грбот. Оваа сезона одигра 23 натпревари, а иако Чаранија нагласи дека повредата на грбот не била причина за неуспешната размена, Лејкерс не сакаа да ризикуваат со неговата здравствена состојба.