Шарлот беше лесен залак, Кливленд го запиша 21. триумф во лигата
Кливленд моќно го отвори мечот со 40-18 во првата четвртина, а на полувреме замина со предност од 63-52.
Шарлот даде отпор во третата четвртина, кога за момент намали на шест поени негатива (83-89), но Кливленд не дозволи целосен пресврт и во одлична завршница славеше со 116-102.
Мобли беше најефикасен кај Кливленд со 41 поен, 10 скокови и две асистенции, додека Милер постигна 25 поени, четири скокови и една асистенција за Шарлот.