Шампионот „нагази“ во последната четвртина и ја продолжи победничката серија (ВИДЕО)
Домаќините пропуштија можност да му го нанесат првиот пораз на противничкиот тим, имајќи предвид дека водеа речиси цело прво полувреме и имаа двоцифрено водство. Оклахома се разигра во вториот дел, а тотално ги уништи Клиперс во последниот период кога предноста се искачи и на 25 поени разлика (117-92).
Гилџес Александер одигра уште еден одличен натпревар, постигна 30 поени, 12 асистенции и четири скока, додека Харден беше најефикасен во домашниот тим со 25 поени.
Оклахома е единствена непоразена екипа во лигата во досегашниот дел од сезоната, додека Клиперс се наоѓаат на десеттото место на Западот со биланс 3/4.
РЕЗУЛТАТИ
Торонто – Милвоки 128-100
Атланта – Орландо 127-112
Чикаго – Филаделфија 113-111
Њу Орлеанс – Шарлот 116-112
Голден Стејт – Феникс 118-107
ЛА Клиперс – Оклахома 107-126