Семејна драма кај кошаркар на Минесота: Мајка ми е во кома, позитивна е на вирусот!

Коронавирусот опасно го погоди и САД, кој презема вонредни мерки за одбрана од пандемијата. Една од заболените личности е мајката на кошаркарот на Минесота, Карл Ентони Таунс.

Неговата мајка Жаклин Круз се наоѓа во кома, откако била позитивно тестирана на Ковид-19, а Таунс лошите вести ги објави на социјалните мрежи.

„Беше многу лошо, состојбата не се поправаше долго време. Нејзината температура се намалуваше преку ден, но за време на ноќта повторно се зголемуваше. Мојата мајка е најсилна жена, која ја знам. Ќе го победи ова“, кажа Таунс.