(Пре)храбра прогноза на Дончиќ: Словенија ќе биде европски првак во фудбал (ВИДЕО)

Еден од најдобрите светски кошаркари во моментов, Лука Дончиќ, во пресрет на утрешниот втор меч од финалето од НБА лигата, во кое неговиот Далас има негатива по поразот во првата пресметка кај Бостон селтикс, одржа прес-конференција на која освен „Нормалните“ доби и неколку фудбалски прашања.

Тој беше прашан за очекувањата од претстојното ЕП во фудбал и за тоа кој ќе победи на крајот, а неговиот одговор беше (пре)храбар.

„Словенија“, како од топ одговори ѕвездата на „телињата“.

Дончиќ исто така беше прашан за трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, клубот за кој играше во минатото и за кој навива.

„Веќе знаев за тоа. Се немам слушнато со него откако потпиша“, дополни Словенецот.

Вториот меч од финалната серија во НБА помеѓу Бостон и Далас е закажан за ноќеска во два часот наутро по македонско време.