Пред две недели потпиша за Бруклин, а сега ја заврши кариерата! (ФОТО)

Искусниот американски кошаркар ЛеМаркус Олдриџ пред две недели потпиша договор со Бруклин нетс, а денеска ги шокираше сите кога соопшти дека ја завршува својата кариера.

Овој 35-годишен кошаркар требаше да биде големо засилување за Бруклин, кој ќе се обиде да ја освои титулата во НБА-лигата, но проблемите со срцето го натераа да се повлече од спортот.

„Ова го пишувам со тешко срце. На последниот меч играв со срцеви проблеми. Потоа мојата состојба се влоши поради што се загрижив. Следното утро им кажав на соиграчите што ми се случува. Иако се чувствувам подобро, тоа што го почуствував таа вечер е нешто најстрашно кое ми се случи. Поради тоа ја донесов најтешката можна одлука, а тоа е да се пензионирам“, напиша Олдриџ меѓу другото.