Познато е кога ќе стартува НБА Европа
НБА Европа на почетокот ќе биде составена од 12 клубови плус четири кои би се квалификувале од домашните европски лиги.
Прокетот е во изработка, се водат преговори и со Евролигата, но без разлика како тие ќе завршат, НБА Европа ќе почне.
„Очекувам НБА лигата во Европа да почне од сезоната 2027/28. Одиме по вистинскиот пат, соработуваме со ФИБА. Во тек се и разговорите со Евролигата. Се надевам дека работите ќе се одвиваат според планираното“, рече Адам Силвер.