Потег на вечерта: Босанецот Нуркиќ крвнички го „постеризира“ џинот од Судан (ВИДЕО)

Одличната партија во триумфот на Портланд трејлблејзерс над Денвер нагетс (125-115), босанскиот интернационалец Јусуф Нуркиќ ја круниса со најактрактивниот потег на вечерта, односно со „постеризирањето“ на еден од највисоките играчи во лигата, Суданецот Бол Бол.

Центарот на „пионерите“ средбата ја заврши со 22 поени, а огромната самодоверба со која игра во последно време го „примора“ крвнички да забие преку синот на легендарниот Мануте Бол.