„Плачев и си заминав од тимот поради Леброн Џејмс“

Поради своите успеси на теренот но и поради огромниот маркетинг кој стои зад него, Леброн Џејмс дефинитивно е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.

Но, она што аналитичарите му го забележуаат е дека со Џејмс, тешко е да се игра исто оро. Годинава неколку играчи кои тој сакаше, не дојдоа во Лос Анџелес Лејкерс баш поради него, а често знаел да лобира и за менување тренери. Доказ за неговиот карактер се и последните изјави од некогашниот генерален менаџер на Кливленд, кој работеше со Џејмс, Дејвид Грифин.

Леброн ги добива сите заслуги кога се оди во добар правец, а никогаш не е обвинуван кога не оди. Тоа е измачувачки за луѓето околу него, раскажува Грифин.

Тој се навраќа на сезоната во 2014 година.

Се што правевме беше неиздрживо и воопшто не беше забавно. Се осеќав тажно. Кога ја освоивме титулата, знаев дека немаше пари кои ќе ме задржат во Кливленд, вели Блат.

По победата над Голден Стејт во финалето 2016 година, кога Кливленд се врати по негатива 3:1, сите славеле, а Грифин плачел од мака.

Токму Леброн бил човекот кој најмногу лобирал за Грифин да остане во Кливленд, но токму и Леброн била една од причините зошто Грифин не сакал да остане.

Со него мораш да имаш волја за да разговараш. Јас имав и затоа имавме добар однос. Му го зборував она што другите не можеа, а тој ме ценеше бидејќи бев различен од другите, објаснува генералниот менаџер кој по две години пауза сега е во Њу Орлеанс.

Патиштата им се разидоа. Леброн брка шампионски прстен со Лејкерс, а Грифин има ново его за скротување, ако се земе предвид целата галама околу најновата НБА ѕвезда во тимот на Грифин, Зајон Вилијамсон.