
Огромен удар за Индијана – цела следна сезона ќе играат без најдобриот!
Тој изјави дека клубот нема да ризикува со здравјето на Халибартон и ги замоли навивачите да не очекуваат негово прерано враќање на теренот. Според него, операцијата поминала успешно, а процесот на рехабилитација се одвива според планот.
„Тој ќе се врати уште посилен и подобар,“ рече Причард, додавајќи дека целосната пауза ќе му биде тешка со оглед на неговата страст и посветеност кон кошарката.
Повредата се случи во првата четвртина од седмиот натпревар на финалето од НБА-плејофот против Оклахома Сити Тандер, кога Халибартон ја скина Ахиловата тетива на десната нога. Пејсерс беа поразени со резултат 91-103 и останаа без долго посакуваната титула. До моментот на повредата, Халибартон во плејофот просечно постигнуваше 17,7 поени и девет асистенции по натпревар, со 46-отстотен шут.
Во негово отсуство, се очекува Ендрју Немхард да ја преземе улогата на стартен организатор на играта, додека Бенедикт Матурин ќе влезе во стартната петорка како бек шутер. Ти-Џеј Меконел ќе продолжи да биде главна фигура од клупата, а дополнително ќе му се приклучи и дебитантот Кам Џонс од универзитетот Маркет, кој беше избран во втората рунда на годинешниот драфт.
ФОТО: X / @MalikThr33sly