Нуркиќ им фати сеир на Вориорс: Тоа е сѐ, народе (ВИДЕО)

Еден од моментите кои го одбележаа основниот дел од актуелната сезона во НБА лигата беше инцидентот меѓу Дрејмонд Грин и Јусуф Нуркиќ поради што кошаркарот на Голден Стејт беше суспендиран.

И на следниот меч меѓу овие две екипи имаше искри, а очигледно е дека двајцата робусни кошаркари не се трпат меѓу себе. Најдобар доказ за тоа е објавата на босанскиот центар по елиминацијата на Голден Стејт кој повторно нема да игра во плејофот.

 

 

На Твитер, тој го истрола Голден Стејт, објавувајќи ја одјавната шпица од цртаните филмови во која се вели: Тоа е сѐ, народе“. Нуркиќ со Феникс обезбеди пласман во плејофот и во првата рунда ќе игра против Минесота.