Нов трипл-дабл за Јокиќ, Дончиќ и со 41 поен доживеа пораз (ВИДЕО)

Неколку возбудливи натпревари ја одбележаа ноќта во НБА-лигата, а за нас најинтересни повторно беа настапите на ѕвездите од регионов, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Српскиот центар го забележа 15. трипл-дабл оваа сезона и 93. во кариерата во триумфот на Денвер со 99-98 на гостувањето кај Њу Орлеанс. Оствари ефект од 25 поени, 11 скока и 10 асистенции, а одлична помош имаше од Џамал Мареј со 25 поени. Ова беше 34. победа во 48 меча за Денвер, кој го потврди првото место во Западната конференција.

Лидерот на Истокот, Бостон забележа пораз, на гости кај Мајами, со 95-98, иако во последната четвртина водеше и со 10 разлика (87-77).  Тројца кошаркари имаа дабл-дабл ефект, Џејсон Тејтум кај Бостон со 31 поен и 14 скока, а кај Мајами Бам Адебајо со 30 коша и 15 скока и Хејвуд Хајсмит со 15 и 10 во истите статистички категории. 

Тесен меч се одигра и во Тексас, каде што Далас загуби од Вашингтон со 126-127 и покрај 41 поен на Лука Дончиќ На нив додаде и 15 скока и шест асистенции. Сепак, нијанси решија во корист на гостите од главниот град, кои беа предводени од Кајл Кузма со 30 и Бредли Бил со 22 коша.

 

НБА РЕЗУЛТАТИ

ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс            115-133

Феникс – Шарлот                          128-97

Далас – Вашингтон                       126-127

Њу Орлеанс – Денвер                 98-99

Њујорк – Кливленд                       105-103

Мајами – Бостон                           98-94

Индијана – Чикаго                        116-110