(Не)реално е што прави Дончиќ: Словенецот влезе во историјата на НБА со нов рекорд!

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ (Далас Маверикс) повторно се запиша во историјата на НБА-лигата после нова бравурозна партија во која направи нешто што никој досега на 21 година не усеал да го стори во најсилната кошаркарска лига.

Дончиќ даде 34 поени, имаше 20 скока и додаде 12 асистенции за 16-ти трипл-дабл сезонава, па со ваков учинок стана најмладиот кошаркар во НБА, на кого му успеало да направи трипл-дабл со вакви бројки, да има над 30 поени, 20 скока и над 10 асистенции. Дончиќ има само 21 година и 158 дена, а веќе подолго време ги воодушевува сите со неговите брзвурозни настапи.

Тој беше клучот за победата со 114-110 против Сакраментo.