НБА-легенда заработи 155 милиони долари во кариерата, а сега нема пари ни за храна!

Многу НБА-кошаркари по завршување на кариерата успеаа да потрошат многу пари и да банкротираат, а еден таков пример е Ален Ајверсон.

Само од договори во најсилната лига во светот во текот на кариерата доби 155 милиони долари. Тука се и десетина милиони долари од спонзори, но поранешниот кошаркар сега нема ниту долар.

Легендарниот кошаркар трошел премногу пари на дневно ниво, а на крајот завршил како бездомник и барал пари во еден трговски центар.

Работник во трговскиот центар ја опишал средбата со Ајверсон, кој барал пари за да си купи јадење.

„Го замолив да си оди, а не можете ниту да замислите колку бев вчудоневиден кога видов дека станува збор за Ајверсон. Тоа беше најтешкиот момент во мојот живот. Мојот херој од детството мораше да го напушти центарот зашто бараше пари“, открива момчето.

Ајверсон во текот на кариерата за една вечер трошел и по 30.000 долари само во стриптиз клубови, па не чуди затоа што на крајот останал без пари.