НБА „гори“ по киксот од Флорида: Мајами закажа прес-конференција за промоција на Леброн! (ФОТО)
Иако видеото беше експресно избришано, тоа беше доволно за навивачите да почнат да шпекулираат дека легендарниот кошаркар веќе донел одлука и повторно ќе го облече дресот на Мајами.
Сепак, според американските медиуми, станува збор за интерен материјал што клубот однапред го подготвил за секој можен исход, односно во случај Леброн да потпише, а не за потврда дека трансферот е завршена работа.
Леброн сè уште официјално нема соопштено каде ќе ја продолжи кариерата, а меѓу екипите кои се поврзуваат со неговиот потпис се Мајами, Кливленд, Голден Стејт и Филаделфија. Мајами летово го донесе Јанис Адетокумпо и ако навистина успее да го договори и Леброн Џејмс, заедно со постоечкиот играчки кадар ќе има екипа подготвена да се бори за нова титула.