НБА-ѕвездата се отвори: Повторно не потценуваат, но само ставаат масло во оганот! (ВИДЕО)

Кошаркарот на Денвер, Монте Морис, е убеден дека тимот од Колорадо и наредната сезона ќе биде на врвот во Западната конференција.

Морис во интервју за „Си – Ен – Ен“ кажа дека тимот на Денвер повторно ќе биде фаворит на Западот.

Завршивме втори на Западот минатата сезона. Наредната го имаме истиот тим, но повеќе искуство. Имам чувство дека нас повторно се потценуваат, но со тоа само ставаат масло во оганот. Не се сомневам дека повторно ќе бидеме на врвот во Западната конференција, изјави меѓу другото Морис.