НБА-ѕвезда во фрижидер чува торта од пред две години: Тoa ми е цел свет!

НБА-твездата на Минесота, Карл Ентони Таунс (26) мина две тешки години во оваа пандемија со коронавирусот, зашто поради ковид-19 остана без својата мајка и без уште петмина други членови во семејството.

Таунс откри дека во фрижидерот сѐ уште чува торта од 2019 година која ја направила неговата мајка за неговиот роденден (15 ноември), како сеќавање на неа. Мајката на Таунс го загуби животот на 59-годишна возраст од ковид-19 во првиот бран на пандемијата на 13 април 2020 година, само два месеци откако опасниот вирус се рашири низ светот.

Тој беше премногу поврзан со својата мајка, која е клучна за тој да чекори по вистинскиот пат и да избега од криминалните банди.

„Искрено јас заборавив на последниот свој роденден, па на него ме потсети мојата девојка, а причина што заборавив на роденденот е што мојата мајка повеќе ја нема, а таа секогаш мојот роденден го правеше посебен. Во фрижидер сѐ уште стои торта од 2019 година и знам дека повеќе не е за јадење, ама тоа е еден од последните подароци што мајка ми ми го даде и тоа сега ми е цел свет. Родендените повеќе не ми се посебни“, вели Таунс.

Сјајниот кошаркар сезонава игра извонредно со просек од 24 поени и девет скока по меч