Навивачите на Далас излегоа на протест поради Дончиќ (ВИДЕО)

Далас маверикс неодамна го испрати Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс, а за возврат го доби Ентони Дејвис и тоа предизвика големо незадоволство кај навивачите на тимот.

Навивачите почнаа со протести пред салата на НБА-тимот, а нивното единствено барање е да се отпушти Нико Херисон, кој беше обвинет за трејдот на Дончиќ.

„Отпуштете го Нико“, скандираа дел од навивачите пред салата.