Натпревар на кариерата за Инграм, Милвоки го доби дербито со Бостон (ВИДЕО)

Брендон Играм одигра неверојатен натпревар за Њу Орлеанс и со 49 поени го предводеше својот тим до триумф против Јута од 138-132 по едно продолжение.

За кошаркарот на Пеликанс тоа беше рекорд на кариерата со кој ја прекина фантастичната низа од 10 победи по ред на противникот. Џез има за што да жали, бидејќи водеше со 132-127 на две ипол минути до крајот на продолжението, но домашниот тим со серија од 11-0 дојде до славје.

Дерик Фејврс имаше 21 поен и 11 скока кај Пеликанс, а двоцифрен ефект во нападот имаа уште тројца кошаркари. Донован Мичел блескаше за Јута со 46 поени, но тоа не беше доволно за неговиот тим, Бојан Богдановиќ постигна 26, додека Руди Гобер реализираше 17 поени и 14 скока. 

Дербито на Источната конференција помеѓу Милвоки и Бостон му припадна на домашниот тим со 128-123. За Бакс ова е петти триумф по ред со кој го задржаа приматот најдобар тим во лигата со 37 победи и само шест порази. Јанис Адетокумпо очекувано беше прво име во домашниот состав со 32 поени и 17 скока, додека Крис Мидлтон постигна 23 поени. Кемба Вокер најмногу се истакна кај Селтикс со 40 поени.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Њујорк - Феникс 98-121
Голден Стејт - Денвер 131-134 (пп)
ЛА Клиперс  Орландо 122-95