Најпопуларната видеоигра за НБА во чест на Коби Брајант ќе има - „солена цена“

Компанијата „2К“ објави конечно целосна листа на кошаркари, кои ќе бидат ѕвезди на насловната страна на новата видео-игра „НБА 2К21“.

Овој серијал постои веќе 19 години и по многу работи се посебни, а новото издание ќе биде наречено „Мамба Засекогаш“ и ќе го има Коби Брајант, кој настрада во хеликопстерска несреќа пред неколку месеци.

Оваа  година „НБА 2К21“ доаѓа во две различни верзии, а цените се до 70 евра за видео-игра за компјутер, додека тие за Плејстејшн чинат 75 евра. Цената на играта со Коби Брајант чини дури 100 евра и за обичните и модерните конзоли.