
На Џејмс и Кавс им се заканува „метла“: Г. Стејт на една победа до одбрана на тронот (ВИДЕО)
Актуелниот бранител на тронот е на еден натпревар до нова шампионска титула, а за тоа најзаслужен е Кевин Дурент, кој утринава одигра фантастичен натпревар. Кошаркарот н Вориорс постигна 43 поени, надополните со 13 скокови, а имаше и седум асистенции.
Кливленд водеше во најголемиот дел од првото полувреме, а на моменти и со +10 поени разлика, но по првиот дел резултатот гласеше 58-52. Голден Стејт го скрши натпреварот во третиот период, но не немаше некое преголемо водство за домаќинот да го загуби натпреварот. Сепак, во последниот период Кевин Дурент беше човекот на одлука кој погодуваше кога највеќе требаше и заслужено го одведе својот тим до третата победа.
Стеф Кари, Клеј Томсон и Дрејмонд Грин постигнаа по 10 поени кај победникот. Леброн Џејмс имаше трипл-дабл од 33 поени, 10 скока и 11 асистенции во таборот на Кавалирс.
Следниот четврти и можеби последен натпревар повторно се игра во Кливленд