Многу НБА ѕвезди не успеаа да стигнат до прстен, а тој од клупата веќе зема три

Торонто денеска стигна до првата титула во историјата, откако го совлада поранешниот шампион Голден Стеј Вориорс со 4-2. До својот трет прстен стигна кошаркарот на Репторси, Патрик Мекав. Интересно е тоа што овој 23- годишен бек ја игра својата трета сезона во најсилната лига во светот.

Тој од 2016 до 2018 година беше член на Голден Стејт Вориорс. Неговиот учинок не беше значителен, уфрлаше по четири поени по натпревар, но со овој тим стигна до два прстена. Тој во јануари стана член на Репторси, а потписот за канадскиот тим беше негов добар потег.

Мекав ниту во Торонто не играше важна улога. Настапи на четири меча и имаше многу мала минутажа, но погоди една тројка на првиот меч. Интересно, тој стана третиот играч на кој му успеало да освои три титули во низа со различни екипи.

Пред него вакво нешто им успеа само на Френк Сол и Стив Кер. Тој ќе има со што да се пофали ако се знае дека легенди како Карл Мелоун, Џон Стоктон, Чарлс Баркли, Реџи Милер, Ален Ајверсон и многу други не успеаа да стигнат до прстен, а него му успеа три пати.