Милвоки го збриша Детроит, Јута ја одложи елиминацијата од Хјустон (ВИДЕО)

Милвоки со максимални 4-0 го елиминираше тимот на Детроит во првата рунда од плеј-офот во НБА-лигата. 

Бакс утринава славеа на гостувањето кај Пистонс со 127-104 и тоа најмногу благодарение на Јанис Адетокумпо, кој постигна 41 поен. За Милвоки ова е прв пласман во втората рунда од разигрувањето за титулата по 2001 година. Во следната рунда ќе игра против Бостон, кој лани го елиминираше Милвоки во првата рунда во седум натпревари.

Јута не дозволи да добие „метла“ од Хјустон и барем за малку ја одложи елиминацијата со триумф од 107-91 против фаворитот. Донован Мичел одигра фантастична последна четвртина кога постигна 19 од своите вкупно 31 поен на натпреварот. Џае Краудер реализираше 23 поени, додека Рики Рубио постигна 18 поени и имаше уште 11 асистенции. Џејмс Харден со 30 поени беше најефикасен кај Рокетс. Следниот петти натпревар се игра во Хјустон.