„Метла“ ѝ се заканува на Минесота, Далас растура (ВИДЕО)

Далас Маверикс има водство од 3-0 во финалето на Западната конференција и се наоѓа на само еден триумф од пласман во серијата за титулата во НБА.

Утринава, тимот од Тексас славеше со 116-107, па за два дена ќе има можност експресно да ја помине оваа пречка и да дојде до своето прво големо финале по 13 години. Прашањето околу победникот беше решен во последните три минути откако претходно Минесота се закани дека може да направи изненадување и да намали на 1-2.

Мавс водеа речиси три четвртини, највисоката предноста изнесуваше 12 разлика, но Минесота го сврте резултатот во третиот период, а во последниот период, четири минути се наоѓаше во водство. Решавачка беше серијата од 9-0 на Далас по што веќе немаше дилеми околу победникот на третиот натпревар.

Дончиќ и Ирвинг повторно одиграа одлично, двајцата постигнаа по 33 поени, но голем придонес за триумфот, како и во целиот плејоф, имаше Пи Џеј Вашингтон кој постигна 16 поени. Ентони Едвардс со 26 поени ја предводеше Минесота која во конференциското полуфинале направи изненадување елиминирајќи го Денвер, но во серијата со Далас нема среќа и трите натпревари ги загуби со вкупна разлика од 13 поени.