Мартовско лудило: Бејлор го уништи митот за непобедливоста на Гонзага (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бејлор Универзитетот се нови победници во НЦАА-лигата, откако во ноќешното големо финале убедливо го совладаа досега непоразениот состав на Гонзага (86-70) за прва титула во историјата, а вкупно втора во државата Тексас.

Со ова падна и митот за непобедливоста на Гонзага, која не успеа да стане само втор состав во историјата која до трофејот стигнала без ниту еден загубен меч, по Индијана универзитетот во 1979 година предводен од Лери Бирд. Кошаркарите на овој универзитет до финалето имаа 30 победи во низа, но сето тоа се покажа попусто.

Лошата одбрана се покажа како клучна за поразот на оваа екипа, што Бејлор максимално го искористи. Дејвион Мичел беше најефикасен со 26 поени, а Џеред Батлер придонесе со 22 поени и 7 асистенции во триумфот на новиот НЦАА-шампион.