Маестрален кам-бек на Дончиќ, Лејкерс славеа во Денвер по едно продолжение (ВИДЕО)

Лука Дончиќ пропушти седум натпревари поради повреда, но утринава се врати на паркетот и беше во главна улога во победата на Далас од 130-111 против Сакраменто. 

Словенецот покажа дека ќе биде подготвен за ол-стар натпреварот овој викенд постигнувајќи 33 поени и 12 скока. Одличен беше и Кристап Порцингис, кој запиша 27 поени и 13 скока. Бади Хилд со 22 поени беше најефикасен кај Кингс, додека Деарон Фокс придодаде 16 поени.

Денвер и Лос Анџелес лејкерс одиграа вистинско дерби на Западната конференција, а победата ја однесоа гостите со 120-116 по едно продолжение. Леброн Џејмс го забележа својот 12-ти сезонски трипл-дабл и се израмни со Лука Дончиќ, постигнувајќи 32 поени, 14 асистенции и 12 скока. Тука беше и втората ѕвезда на Лејкерс, Ентони Дејвис, кој постигна 33 поени, а придаде и 12 скока. Кај Нагетс најмногу се истакна Џамал Мареј со 32 поени и 10 асистенции, додека Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 22 поени и 11 скока. Лејкерс сега имаат скор од 41 победа и 12 порази на врвот на Западот, односно четири победи повеќе од второпласираниот Денвер. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Кливленд - Атланта 127-105
Орландо - Детроит 116-112
Бруклин - Торонто 101-91
Индијана - Милвоки 118-111
Њујорк - Вашингтон 96-114
Мемфис - Портланд 111-104
Минесота - Шарлот 108-115
Феникс - Голден Стејт 112-106
Јута - Мајами 116-101