Лука Дончиќ постигна акробатска тројка со звукот на сирената - за победа (ВИДЕО)

Лука Дончиќ му донесе победа на Далас од 114-113 на гостувањето кај Мемфис со шут буквално со звукот на сирената. 

Младиот Словенец постигна тројка од многу тешка позиција и на крајот му донесе радост на својот тим. Го заврши натпреварот со 29 поени, додека Кристапс Порцингис имаше 21. Грејсон Ален со 23 поени беше најефикасен во редовите на Гризлис.

Стеф Кари откако постигна 53 поени против Денвер, утринава реализираше 42 поени против Оклахома во гостинската победа на Голден Стејт од 147-109. Тој имаше помош и од Дрејмонд Грин, кој стигна до трипл-дабл од 12 поени, 16 асистенции и 10 скока.

Денвер го победи Мајами со 123-106, а Никола Јокиќ го запиша својот 15-ти сезонски трипл-дабл постигнувајќи 17 поени, 11 асистенции и 10 скока. Мајкл Портер Џуниор придодаде 25 поени, а уште шест играчи на Нагетс имаа двоцифрен ефект. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот - Кливленд 90-103
Филаделфија - Бруклин 123-117
Торонто - Сан Антонио 117-112
Чикаго - Орландо 106-115
Детроиот - ЛА Клиперс 98-100
Њу Орлеанс - Њујорк 106-116
Хјустон - Индијана 124-132
Сакраменто - Вашингтон 111-123