Луда ноќ во НБА: На неколку мега-трансфери беа потрошени повеќе од - три милијарди долари!

Од моментот кога почна „ловот“ на слободните агенти веднаш почнаа преговорите меѓу клубовите и НБА-ѕвездите. Вкупната вредност на реализирани договори го надминува износот од три милијарди долари, а допрва треба да се дознае и иднината на Кави Ленард, кој долго време се поврзува со Лос Анџелес лејкерс.

Уште синоќа беше лансирана „бомба“ од Бруклин нетс, кој успеа да ги ангажира Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и ДеАндре Џордан.

Првата информација е дека Дурант ќе заработува 164 милиони долари, а Ирвинг 141 милион за четири години.

Од друга страна, во спротивен странец во Голден Стејт замина Д’Анџело Расел, кој за 117 милиони долари го засили поранешниот НБА-шампион, кој остана и без Андре Игудала, кој од синоќа е член на Мемфис.

Сеапк, Вориорс успеаа да го задржат Клеј Томпсон, кој потпишал договор вреден 190 милиони долари.

Бојан Богдановиќ стана најскапиот хрватски спортист во историјата, откако реализираше трејд од Индијана во Јута за 73 милиони долари и договор на четири години.

Сакраменто успеа да ги ангажира 34-годишнио Тревор Ариз од Вашингтон и Двејн Дедмон од Атланта. Ариз потпиша двегодишен договор вреден 25 милиони долари, а Дедмон ќе доби 40 милиони за три години.

Ал Хорфорд од Бостон се пресели во Филаделфија, иако долго време се поврзуваше со Сакраменто, па потпиша договор вреден 109 милиони долари на четири години.

Бостон го замени и плејмејкерот со Шарлот, Кемба Вокер е нивни нов кошаркар, а Тери Роузи се пресели во Шарлот.

Џими Батлер од Филаделфија се сели во Мајми, со кој потпишал четиригодишен договор вреден 142 милиони долари, а во спротивен правец замина Џош Ричардсон, а исто така го задржале и Тобијас Харис и Мајк Скот.

Никола Вучевиќ доби нов договор со Орландо, па ќе заработи 100 милиони долари за четиригодишен договор, а Шпанецот Рики Рубио се сели во Феникс за 51 милион долари за три години.

Далас со Криштапс Порзингис потпиша нов петгодишен договор вреден 158 милиони евра.

Патрик Беверли останува во Лос Анџелес клиперс за 40 милиони долари и договор на три години, а Џулиус Рендл си договори тригодишна соработка вредна 63 милиони долари со Никс.

Дамиен Лилард и Џамал Мареј, кои не беа слободни агенти, потпишаа нови договори. Лилард ќе заработи 196 милиони долари за четири години во Портланд, а Мареј со Денвер ќе соработува уште пет години и ќе добие 170 милиони.