Луд џин: Соиграч на Дончиќ би се пробал „еден на еден“ со Мејведер или Мекгрегор!

Додека е во прекин НБА-лигата, кошаркарите се снаоѓаат, секој на свој начин, да го пополнат слободното време на кое не се навикнати во овој период од годината, па секој од нив си наоѓа различни занимации.

Еден од нив е и летонскиот џин во дресот на Далас маверикс, Кристапс Порзингис, кој покрај тоа што редовно вежба, гледа многу видеа со бокс и мечеви од УФЦ серијата, чиј е голем фан. Огромниот центар на „телињата“ не би имал ништо против во некоја далечна иднина да се најде „еден на еден“ со легендарниот боксер, Флојд Мејведер или со УФЦ-ѕвездата, Колин Мегрегор.

„Се обидувам да бидам максимално активен. Вежбам по дома, а неретко работам и на своите боречки вештини. Отсекогаш сум бил фан на боксот, па пробувам да се забавувам боксувајќи по дома. Исто така сум голем фан на мешаните боречки вештини, поточно на Конор Мегрегор од УФЦ, како и на боксерот Флојд Мејведер. Кој знае, можеби некогаш ќе ми се укаже шанса да се пробам 'еден на еден' со некој од овие двајца, иако не знам што би правел против нив. Не верувам дека би бил добар борец во рингот со телото што го имам“, вели Порзингис.

Летонецот, кој е висок 221 сантиметри, во Далас е од јануари 2019 година, а сезонава, до прекинот, имаше просек од 19,2 поени и 9,5 скокови.