Лејкерс уште сега покажуваат дека не се тим за плејоф (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја отворија новата сезона во НБА-лигата со три порази од исто толку натпревари. По Голден Стејт и Клиперс, синоќа „скалпот“ на Лејкерс го зема и Портланд.

Блејзерс како гости славеа со 104-106 во драматична завршница. Демијан Лилард беше незадржлив за домаќините и постигна 41 поен. Леброн Џејмс има 31 поен за Лејкерс, додека Ентони Дејвис постигна 22 поени и 10 скока. 

Шампионот Голден Стејт предводен од Стеф Кари со 33 поени славеше против Сакраменто со 130-125. Деарон Фокс со 25 пони и 10 асистенции најмногу се истакна кај Кингс.

Феникс на гостински паркет ги совлада Лос Анџелес клиперс со 95-112. Девин Букер беше незадржлив со 35 поени, додека кај домашниот тим Маркус Морис постигна 22 поени. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Кливленд - Вашингтон 117-107 (пп)
Њу Орлеанс - Јута 121-122 (пп)
Оклахома - Минесота 106-116
Атланта - Шарлот 109-126