Манчестер сити ќе остане без 30 бодови, но и без титулите!?

Англискиот гигант Манчестер сити би можел да добие жестока казна доколку биде прогласен за виновен во случајот кој се води против нив, а станува збор за обвинение за 115 прекршувања на финансискиот фер-плеј.

Сослушувањето ќе почне в понеделник, но засега не е познато колку долго ќе трае, иако се очекува конечната пресуда да биде изречена на крајот на сезоната.

Обвиненијата се поврзани за 14 сезони по 2009/10, а доколку „граѓаните“ бидат прогласени за виновни, тогаш ќе им бидат одземени 30 бодови за следната сезона, но би можеле да ги загубат и титулите.

„Граѓаните“ засега се сигурни дека нема да го изгубат случајот и неколку пати негираа дека се виновни, но останува да видиме како ќе се одвива судењето против актуелниот англиски шампион.