Гатузо забранил состанок меѓу фудбалерите и претседателот на Хајдук

Заминувањето на спортскиот директор Никола Калиниќ предизвика бура во Хајдук Сплит, а тоа го потврдуваат хрватските медиуми.

Калиниќ при заминувањето кажа дека претседателот на клубот, Иван Билиќ не разговара со тренерот Џенаро Гатузо, иако првиот човек на Хајдук го негираше тоа.

Хрватски „Индекс“ објави дека италијанскиот тренер забранил средба меѓу фудбалерите на Хајдук и претседателот на тимот пред дербито против Динамо Загреб зашто сакал играчите да останат максимално фокусирани на мечот.

Дербито меѓу вечните ривали Динамо и Хајдук се игра утре од 20 часот.