Лејкерс конечно победија: Кармело Ентони како во најдобрите денови (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс го запиша првиот сезонски триумф во НБА-лигата и тоа на третиот натпревар откако утринава во „Стејплс центарот“ славеше против Мемфис со 121-118. 

Кармело Ентони одигра фантастичен натпревар и потсети на старата форма со 28 поени, од кои шест тројки. Тој сега се искачи на 9.место на вечната листа со најмногу поени во историјата на НБА минувајќи го Мозес Малоун.

Ентони Дејвис постигна 22 поени, Леброн Џејмс имаше 19 поени, додека Расел Вестбрук заврши со 13 поени и 13 асистенции. Џа Морант блескаше кај Гризлис со 40 поени и 10 асистенции.

Голден Стејт го задржа максималниот ефект од три натпревари и го совлада Сакраменто со 119-107 на гостински паркет. Стев Кари имаше 27 поени и 10 асистенции. 

На останатите натпревари
Хјустон - Бостон 97-107
Њујорк - Орландо 104-110
Оклахома - Филаделфија 103-115
Бруклин - Шарлот 95-111