„Лејкерс е фаворит за титулата во НБА лигата - го има Леброн Џејмс“

Екипата на Голден стејт за прв пат по пауза од седум години нема да биде дел од плејофот во НБА лигата.

Но, тоа не го спречи Дрејмонд Грин, да го пофали својот ривал, тимот на Лејкерс, за кого вели дека е фаворит за трофејот. Според Дрејмонд, тимот на Лос Анџелес Клиперс бил најблизу до титулата, но го променил мислењето по пандемијата која настана како резулатат на коронавирусот.

Мислам дека Лејкерс се фаворити затоа што го имаат Леброн Џејмс. Тој може да се прилагоди на секоја ситуација. И мислам дека тој е веројатно најдисциплиниран играч што некогаш сме го виделе во НБА лигата. Тоа ќе биде важно во Орландо. Леброн во вашиот тим ви дава мала предност во тековната ситуација, изјави Грин за „ЕСПН“.