Леброн откри како го навредиле навивачите на Индијана (ВИДЕО)

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс во мечот против Индијана пејсерс побара да бидат исфрлени двајца навивачи од трибините затоа што го навредувале, а многумина се прашуваа што му кажале што толку се повреди „кралот“.

Џејмс за американските медиуми открил дека тие го навредувале, по што го споменале неговиот син Брони, а тоа ги надминало сите граници на кошаркарот.

„Сакам твојот син утре да почине во сообраќајна несреќа“, кажала девојката, по што Џејмс побара да ја исфрлат од салата.