Леброн оди на мегдан со Јокиќ, крај за Голден Стејт (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс е седмиот тим од Западната конференцијакој обезбеди пласман во плејофот од НБА лигата откако ноќеска како гостин го совлада Њу Орлеанс со 111-106.

Со тоа, најтрофејниот тим во лигата си обезбеди дуел со бранителот на титулата Денвер Нагетс, предводен од Никола Јокиќ. Леброн го предводеше својот тим и за малку не стигна до трипл-дабл бидејќи постигна 23 поени, 9 скока и 9 асистенции. Одличен ефект имаше и Ентони Дејвис кој додаде 20 поени и 15 скока, а на Њу Орлеанс не му беа доволни ни 40 поени и 11 скока на Зајон Вилијамсон.

Болен пораз доживеа Голден Стејт кој загуби на гостувањето кај Сакраменто со 94-118. Одлучи второто полувреме кое Кингс го добија со 64-44. Најефикасен во домашниот тим беше Мареј со 32 поена, Фокс додаде 22, а Сабонис повторно дојде до трипл-дабл од 16 поени и 12 скока. Кај Голден Стејт, Кари заврши со 22 поена, а очаен беше Клеј Томпсон кој ги промаши сите 10 шута за тројка.

За Вориорс заврши оваа сезона, а Сакраменто ќе игра со Њу Орлеанс за последното, осмо место на Западот и дуел со Оклахома во првата рунда од плејофот. Вечерва се играат дуелите од плејинот и од Источната конференција каде Филаделфија се среќава со Мајами, а Чикаго со Атланта.