Леброн Џејмс збесна поради бизарен трејд во НБА: Мора нешто да промениме!

Еден ден пред завршување на преодниот рок во НБА-лигата беше извршен бизарен трејд, откако Харисон Барнс се пресели до Далас во Сакраменто и тоа за време на натпревар.

Потегот на главниот менаџер на Далас, Владе Дивац многу аналитичари го прогласија за одличен, но некои кошаркари беа многу лути поради начинот на кој беше направен трејдот.

Еден од кошаркарите кои беа изнервирани од овој потег беше и ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс.

Барнс во 2015 година со Голден Стејт ја освои титулата во НБА-лигата, а една година подоцна со САД освои олимписко злато во Рио де Жанеиро.

„Дозволете ми да погодам, многу е добро тоа што го направивте за клубот? Го заменивте човекот додека тој беше на паркетот и не знаеше што се случува. Не го критикувам тој што го трејдуваше, зашто ова е бизнис, но дефинитивно некои работи мора да се променат“, напиша Џејмс.