Леброн: Денвер има МВП во тимот, мора да играме кошарка без грешка против нив!

Лејкерс синоќа го победија Њу Орлеанс на негов терен во плеј-ин меч и изборија место во плеј-офот каде за противник ќе го имаат актуелниот шампион Денвер.

Леброн Џејмс е свесен дека ќе им бидат потребни перфектни натпревари за да го поминат Денвер.

„Тие се актуелни шампиони и јасно ни е колку тешки ќе бидат тие дуели. Ќе се обидеме да им отежнеме. Сега малку ќе се одмориме, па потоа ќе се подготвиме за таа серија која ќе биде тешка за нас“, вели Леброн.

„Веќе со години имаат многу тежок домашен терен. Имаат МВП во тимор, имаат некој кој ги решава натпреварите, имаат ѓаволски добар тренер, играчи од високо ниво. Мора да играме кошарка без грешка. Ако ние играме најдобро и ако тие играат најдобро, тоа ќе бидат натпревари на два или три поседа“.