
Лас Вегас влегува во НБА, газда ќе биде – Леброн Џејмс
Најинтересно од веќе познатата информација за влез на Лас Вегас и на Сиетл е дека ѕвездата Леброн Џејмс, кошаркарот на ЛА Лејкерс ќе биде новиот сопственик на франшизата во „градот на гревот“.
Ако ова се случи, тој би бил само втор кошаркар по Мајкл Џордан кој ќе има свој тим, зашто легендарниот „Ем Џеј“ е сопственик на Шарлот Хорнетс. Џејмс веќе е акционер во низа спортски клубови, еден е од неколкуте спортски милијардери, па има удели во Ливерпул (фудбал) и Бостон Ред Сокс (бејзбол), ама сега има шанса да биде мнозински акционер во кошаркарски клуб.
Радосната вес за вљубениците во НБА е и реактивирањето на Суперсоникс, франшизата од Сиетл, која до 2008 година беше дел од кошаркарската елита, а беше и финалист во НБА со Шон кемп и Гери Пејтон.