Кралот се предаде: Искрено, имаат многу подобри играчи од нас

Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на денешницата, изјаив дека противникот на неговиот Кливленд, Голден стејт, има подобри играчи отколку.

Голден стејт води во финалната серија со 3-0 и во ноќта помеѓу петок и сабота имаат можност да го завршат натпреварот и повторно да го освојат шампионскиот прстен.

„Доколку ги споредите најдобрите пет играчи на Голден стејт со нашите, сигурно ќе кажете дека нивните се подобри. Да бидеме искрени, имаат подобри играчи. Имаат двајца МВП во нивниот тим, имаат играч каков што е Клеј Томпсон, кој лесно би можел да биде лидер во било кој друг тим и постигна четириесет поени во четвртина, а го имаат и Дрејмонд Грин, кој е еден од најдобрите дефанзивци во НБА“, јасен е Леброн Џејмс.

Четвртиот натпревар од финалната серија се игра во Квикен Лоунс арената, во абота со почеток од 3 часот по наше време.