
Кралот испиша историја, Леброн е првиот кошаркар со 50.000 поени! (ВИДЕО)
Леброн и Дончиќ почнаа да функционираат заедно, а тоа го чувствуваат и нивните противници, Лејкерс игра во голема форма.
Но, она за кое се зборува денеска е големиот рекорд на Леброн Џејмс, 50.000 поени во кариерата. Ниту еден друг кошаркар не стигнал ни блиску до оваа бројка. Вториот на листата е Карим Абдул-Џабар со 44,149 поени.
Леброн во натпреварот влезе со 49.999 поени, па уште на почетокот од мечот го постави рекордот.
Тој беше и најефикасен во составот на Лејкерс со 34 поени, Дончиќ реализираше 30, а имаше и 15 асистенции. Најефикасен на мечот беше Вилијамсон од Њу Орлеанс.
Резултати:
Индијана - Хјустон 115-102
Орландо - Торонто 113-114
Атланта - Милвоки 121-127
Њујорк - Голден стејт 102-114
Чикаго - Кливленд 117-139
Минесота - Филаделфија 126-112
Сан Антонио - Бруклин 127-113
Феникс - ЛА Клиперс 119-117
ЛА Лејкерс - Њу Орлеанс 136-115