Крај на една ера: Леброн Џејмс заминува од Лејкерс

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс ќе го напушти Лос Анџелес Лејкерс и кариерата ќе ја продолжи во друг клуб од НБА-лигата.

Новинарот Шамс Чаранија објави дека Леброн го известил раководството на Лејкерс дека сезоната 2026/27 ќе ја дочека во нов дрес, а информацијата ја потврдија и од Лос Анџелес. 

Леброн пристигна во Лос Анџелес во 2018 година по успешните епизоди во Кливленд и Мајами, а во 2020 година ги предводеше Лејкерс до шампионската титула.

Фото: Facebook/Los Angeles Lakers