Крај на една ера: Браќата Гасол одат во репрезентативна пензија!

Браќата Марк и Пау Гасол официјално ја завршија репрезентативната кариера во дресот на Шпанија, откако после поразот од американскиот дрим-тим во четвртфиналето на олимпискиот кошаркарски турнир решија да стават крај на една ера.

Двете кошаркарски ѕвезди кои играат во НБА после долга репрезентативна кариера се решија да го отстапат местото на помладите. Пау за Шпанија игра од 2001 година или цели две децении, додека Марк, кој е пет години помлад, е дел од селекцијата на „фуријата“ од 2006 година.

„Чувствувам неверојатна среќа и радост поради сѐ што направив за овој тим“, рече Пау.

Гасол постариот немаше среќа во кариерата да освои олимписко злато, единствен медал кој му недостига после трите европски титули и злато од Светското првенство, а има две сребра од ЛОИ. Тој пред крајот на сезонава се врати во Барселона, а во допрва ќе објави дали ќе ја заврши севкупно кошаркарската кариера.

Марк, пак, исто како и својот брат имаше огромен придонес во успесите на шпанската репрезентација и медалите од големите натпреварувања, а за разлика од Пау, тој сигурно ќе продолжи да игра во НБА и тоа за ЛА Лејкерс.