Кошаркарите во НБА избраа: Јокиќ е МВП
Официјално, во конкуренција за престижното признание се Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Шеј Гилџес-Александер, а безмалку 42% од анкетираните одговориле дека наградата ја заслужува српскиот репрезентативец. Канадскиот кошаркар добил 36,9%, а за Дончиќ само 9,9%.
Интересно е тоа што 27,2% од кошаркарите гласале дека би го граделе тимот околу Јокиќ. Поголем дел од нив (27,9%) го избраа Виктор Вембанјама.