Кошаркар од НБА претепал човек во ресторан - го прекинал во јадење суши (ВИДЕО)

Една од поголемите ѕвезди во НБА лигата, Демар Дерозан, кој настапува за Сакраменто Кингс, бил вмешан во физичка пресметка во ресторан во САД, при што едно лице завршило во болница.

Инцидентот брзо се прошири низ американските медиуми, а недолго потоа на интернет се појави и видео-снимка од случката. Според неофицијални информации, конфликтот започнал откако едно лице почнало да го снима Дерозан додека јаде суши и тоа без негова дозвола. На видеото, наводно, се гледа како кошаркарот реагира бурно, го зема телефонот од рацете на мажот и започнува физички напад. Нападнатиот завршил со повреди кои наложиле итна медицинска помош.

Засега нема официјална изјава од страна на Дерозан или од клубот Сакраменто Кингс. Полицијата спроведува истрага за да се утврдат сите околности поврзани со инцидентот.